Шекеринска: Не е ниту првпат, ниту последен, премиер да извршува и министерска функција

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска, коментирајќи ја најавата на премиерот Зоран Заев дека покрај премиерската, ќе ја извршува и функцијата министер за финансии,  изјави дека често се случува премиери да се одлучат да извршуваат и министерска функција кога сакаат да стават особен акцент на одредени прашања.

Според Шекеринска, не е ниту првпат, ниту последен пат премиер да извршува и министерска функција и вакви примери имало во Грција, а во моментот таков е примерот со Нов Зеланд.

– Тоа е пораката која ја испрати премиерот, односно дека во ситуација кога ги покажавме резултатите на интергациски план – стануваме членка на НАТО и ќе ги почнеме преговорите со Европската Унија, главниот фокус да биде ставен на економијата. Пораката која ја добивме од граѓаните е дека сега ни требаат повеќе резултати во делот на економскиот раст и оваа порака од премиерот е порака до граѓаните дека главниот фокус на премиерот ќе биде токму економијата – изјави Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на предлогот актуелниот министер за животна средина Садула Дураку во иднина да раководи со новото Министерство кое треба да го замени Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, вицепремиерката Шекеринска посочи дека по критиките од јавноста дека тој не е добар министер за екологија, како Влада сметале дека треба во овој ресор да внесат нова енергија, нов човек и посилна политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот