Шекеринска: Македонија е безбедна со НАТО, но слободата не доаѓа „бесплатно“
Според Шекеринска од суштинско значење е да се инвестира во безбедноста, бидејќи како што вели, таа е она што ги темели сите аспекти на секојдневниот живот.
Да се биде дел од НАТО значи дека Северна Македонија има 31 пријател и сојузник покрај себе, за да ве чува безбедни во еден сѐ поопасен свет, вели заменичката на Генералниот секретар на НАТО Радмила Шекеринска во интервју за Рацин.
Препорачано
Таа нагласи дека НАТО е будно и сојузничките сили во Европа го прилагодувааат и ќе продолжат да го прилагодува распоредот на силите на НАТО секогаш кога е потребно за да се обезбеди безбедноста на сите сојузници.
„Никој не е сам во НАТО. Членството во НАТО носи конкретни придобивки за нашата безбедност секој ден, на пример, грчки и италијански борбени авиони патролираат за да го одржат воздушниот простор и населението на земјата безбедни. Да се биде сојузник на НАТО, исто така, подразбира придонес кон евроатлантската безбедност. Нашите војници служат во Напредните копнени сили на НАТО во Бугарија и Латвија и ние продолжуваме да играме многу важна улога во обезбедувањето стабилност на Западен Балкан, со 70 војници кои служат во КФОР, мировната мисија на НАТО во Косово. Исто така, Северна Македонија сега е извозник на безбедност. КФОР е клучен фактор за регионалната стабилност, бидејќи помага да се одржи безбедна и сигурна средина за сите луѓе што живеат во Косово, под долгогодишен мандат на ОН“, истакна Шекеринска во интервјуто.
Ќе гази ли македонска чизма по туѓи боишта? – Слободен печат
Според Шекеринска од суштинско значење е да се инвестира во безбедноста, бидејќи како што вели, таа е она што ги темели сите аспекти на секојдневниот живот.
-Но, слободата не доаѓа „бесплатно“ – додава заменичката на Генералниот секретар на НАТО.
Одвраќањето и одбранбениот став на НАТО, според Шекеринска остануваат силни во сите домени, вклучително и кога станува збор за воздушна и ракетна одбрана. Таа вели дека будно ја следат ситуацијата на Блискиот Исток и дека со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте се во редовен контакт со сојузничките лидери и со лидерите од партнерите на НАТО низ регионот.
„Успешно пресретнавме балистички ракети што се упатуваа кон Турција од Иран во четири одделни наврати. Нашите војски остануваат будни, а нашиот Врховен командант на сојузничките сили во Европа го прилагодуваше и ќе продолжи да го прилагодува распоредот на силите на НАТО секогаш кога е потребно за да се обезбеди безбедноста на сите сојузници“, вели Шекеринска.
Посочувајќи го фактот дека Македонија издвоила повеќе од 2% од својот БДП за трошоци за одбрана во 2025 година, Шекеринска нагласува дека сојузниците „мора да продолжат да бидат на јасен и кредибилен пат за да достигнат 5% од трошоците за одбрана и поврзани со одбраната до 2035 година“, како што беше договорено на Самитот на НАТО во Хаг минатиот јули.
„Треба да инвестираме повеќе за да осигуриме дека можеме да продолжиме да одвраќаме и да се браниме од оние кои би ни наштетиле. За време на неговата посета на Македонија, генералниот секретар Руте ѝ се заблагодари на нашата земја за нејзината силна поддршка на Украина додека таа продолжува да се брани од руската агресија. Оваа поддршка прави разлика“, вели таа.
Западен Балкан, вели Шекеринска, е од стратешко значење за НАТО, но според неа постојат некои актери во регионот и пошироко, кои сакаат да го вратат времето назад и да го анулираат напредокот што е постигнат во Западен Балкан.
„И покрај низата безбедносни предизвици со кои се соочуваме, никогаш не смееме да дозволиме мирот да биде загрозен“, потенцираше заменичката на Руте.
Ќе гази ли македонска чизма по туѓи боишта? – Слободен печат


