Второнаграден труд „Градски двор“ - „ГДВОР“ /Фото: Шанса за Центар

„Шанса за Центар“: Општината и градоначалникот на Центар одбиваат да ги објават проектите од конкурсот за просторот кај „Треска“

Помина речиси една година и 5 месеци откако жири комисијата  ги објави резултатите од конкурсот за избор на идејно решение за локалитетот на фабриката „Треска“. Исто толку време Општината и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, одбиваат да ги објават проектите и  да ги поканат авторите јавно да ги објаснат своите визии како сметаат дека треба да се уреди последниот голем градежен простор во Центар, велат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Оттаму потсетуваат дека во Деталниот урбанистички план, донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, овој простор е покриен со згради како наполитанки.

– Условите во конкурсот бараа авторите да го проектираат овој простор на начин што приватните сопственици ќе добијат право на градба на згради, а општината ќе го задржи јавното земјиште и на него ќе организира јавен простор како парк и детска градинка. Условите беа определени врз основа на претходната анализа на самата општина дека во целиот простор и сега недостасуваат градинки, а зеленилото е на ниво на статистичка грешка. Треска со ваквото планирање требаше да даде и зеленило и дополнителна вредност на целиот простор на Буњаковец. Но, ваквите идеи од конкурсот инициран од претходниот градоначалник, сегашниот градоначалник кој за себе вели дека е „транспарентен“ ги смета за незаконски и неспроведливи. До таа мера што не сака ниту да ги објави проектите наградени од стручната жири комисија и со пари од граѓаните од Центар – тврдат од „Шанса за Центар“.

Од „Шанса за Центар“ за да ги потсетат граѓаните повторно ги објавуваат најдобрите трудови според одлуката на жири комисијата – второнаградениот труд „Градски двор“ – ГДВОР,  трудот „Треска динамичен град“ – „SRHNC“ и трудот „КСИНГ“.

„Треска динамичен град“ – „SRHNC“/ Фото: Шанса за Центар
Труд „КСИНГ“/ Фото: Шанса за Центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот