Шаќири: Учебници ќе има до крајот на септември, доцнењето се должи на новите наставни програми

Фото: МИА

До крајот на септември ќе бидат доставени учебниците за сите одделенија во основното образование, односно за трето и за шесто каде што поради новите наставни програми доцни распределбата на учебниците, уверува министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Сите учебници, според податоците што ги имаме добиено во Педагошката служба, се доставени. За трето одделение, како што ветивме, доставата завршува овие денови. За шесто најавив дека во четвртокот имаше состанок Националната комисија за учебници, а утре пак ќе има уште еден состанок и имам позитивни информации дека ќе бидат одобрени и последните учебници. Доставата за се што е за оваа година ќе се заврши до крајот на септември, изјави Шаќири во Охрид, по отворањето на меѓународната научна конференција во чии рамки се спроведува работилница за обука за Европскиот облак за отворена наука (EOSC).

Бирото за развој на образованието, како што рече, за програмите за трето постапило побрзо отколку за шесто одделение за кое доцнело со доставувањето на програмите.

-Барам разбирање бидејќи знаеме дека имаме одобрени учебници за прво одделение, исто како и за второ, четврто и петто и тие, во најголем дел се доставени на 1 септември, исто како и за седмо, осмо и деветто одделение. Оваа година ситуацијата се појави оттаму што имавме постапки на одобрување и постапки на печатење, додаде Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот