Шакира повторно „удри“ по Пике: Ја жртвував кариерата поради него

Фото: EPA

Познатата колумбиска пејачка Шакира (47) во новото интервју за „Сандеј тајмс“ искрено проговори за врската со поранешниот партнер Жерар Пике (37).

Имено, таа се осврна за тоа како се откажала од нејзините професионални можности да поминува повеќе време со Пике додека тој играше за ФК Барселона.

„Долго ја ставив кариерата во мирување за да бидам со Жерар, за да може да игра фудбал… Имаше многу жртви за љубовта“, открила пејачката.

Пејачката исто така, рече дека поголемиот дел од последните седум години меѓу нејзините два албума ги поминала одгледувајќи ги своите два синови во Барселона. По разделбата со Пике, таа се пресели во Мајами со децата.

Нејзиниот последен албум „El Dorado“ беше објавен во 2017 година, а откако се раздели со Пике, пејачката објави неколку нови песни.

На 22 март Шакира по седум години ќе го промовира новиот албум „Las Mujeres Ya No Lloran“ (Жените повеќе не плачат).

Да потсетиме, Шакира и Пике беа заедно 11 години, од 2011 до 2022 година. Тие имаат две деца Милан (11) и Саша (9).

ФОТО | Шакира има нова љубов: Тој е сосема поинаков од Пике

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот