Шахтјор планира да ја тужи ФИФА и ќе бара 50 милиони евра?!

Фудбалерите на Шахтјор/Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Руската воена инвазија врз Украина предизвика потрес и во светот на фудбалот, а украинскиот тим Шахтјор планира да ја тужи Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради одлуката да им овозможи на фудбалерите и тренерите кои се дел од руските и украинските екипи да можат да си заминат од тимовите поради војната.

ФИФА претходно донесе одлука со која фудбалските екипи во Русија и во Украина не успеат да најдат заеднички јазик со странските фудбалери пред 30 јуни годинава, играчите и тренерите да можат да ги суспендираат договорите на една година.

Но, оваа одлука не беше добро прифатена во Шахтјор, кој заедно со Динамо Киев се најдобрите и најтрофејните украински екипи.

Поради одлуката да се суспендираат договорите со странските фудбалери, медиумите шпекулираат дека Шахтјор планира да ја тужи ФИФА и ќе бара 50 милиони евра финансиска компензација.

– Никогаш не сакам да ги мешам политиката и спорт, но овој пат мислам дека руските клубови не треба да играат во европските натпреварувања. Ниту еден Украинец не заслужи да страда како сега. Русија е агресор и терорист, тие ни ги убиваат децата и пријателите – изјави Дарио Срна,  поранешен фудбалер, а сега спортски директор на Шахтјор.

Во Шахтјор се гневни бидејќи руската Премиер лига се игра без проблеми додека украинската е суспендирана, а згора на тоа Шахтјор домашните натпревари во европските клупски натпреварувања ќе ги игра во Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот