Шахпаска: Укинати се квотите за лекови во аптеките во туристичките региони

Фото: Принтскрин

Пратеничката Јагода Шахпаска, денеска им се обрати на граѓаните, по повод најавеното укинување на квотите на лековите за месец август во туристичките градови Охрид, Струга Дојран и Гевгелија.

Таа истакна дека ова е само првиот чекор кон целосно укинување на квтотите, што според неа, би требало да се случи следниот месец.

„Зборот важи!

Започнува реализација на уште едно клучно ветување, важно за граѓаните.

Од денеска, се укинуваат квотите на лекови за месец август во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија, нашите туристички места, каде во периодот е зголемена фреквенцијата на луѓе.

Ова е првиот конкретен чекор кон целосно укинување на квотите што треба да се случи во следниот месец. Во меѓувреме, се воведуваат дополнителни контроли и се засилува целиот механизам за борба против злоупотреби.

На овој начин се надминува проблемот со недостатокот на лекови на рецепт и се зголемува нивната достапност со цел граѓаните да имаат пристап до лековите преку целиот месец.

Наскоро започнува и официјалната административна процедура на вклучување на сите аптеки во мрежата на здравствени установи и нивно вмрежување.

Со тоа се зголемува бројот на аптеки кои ќе нудат лекови на рецепт со што лековите ги правиме лесно достапни за граѓаните.

Очекуваме дека во овој период мерката спроведена во неколку општини да даде реален резултат, да се олесни прстапот до лековите, да се лоцираат и отстранат евентуални недоследности и веќе од есенва, квотите во аптеките низ целата држава да бидат укинато.

Како одговорна партија продолжуваме со спроведување на мерки и политики коишто го унапредуваат здравствениот систем и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита во интерес на граѓаните“, истакна Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот