Шахпаска: Центрите за згрижување на жртви од семејно насилство, ја нудат потребната помош

Фото: Министерство за труд и социјална политика

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска го посети и Центарот за згрижување на жртви од семејно насилство во Струмица.

 

Овој Центар е отворен од страна на Здружението „Скај плус“ и е позитивен пример во земјава, како невладиниот сектор заедно со општината, но и општествено одговорни компании и струмичката Епархија создадоа дом за жените и децата кои се жртви на секаков вид насилство. Шелтерот работи од почетокот на минатата година и досега засолниште, но и психосоцијална услуга како и економско јакнење добиле околу педесетина жени и деца.

 

„За време на престојот на жртвите во Центарот, покрај основните услови за живот коишто се обезбедени, се работи индивидуално со секоја жртва. Преку психосоцијалната поддршка се овозможува јакнење на жртвата, да се соочи со реалноста и да излезе оттука способна да го продолжи својот живот, се разбира без притоа да биде предмет на било каков вид на насилство.“, изјави Шахпаска.

 

Капацитетот на струмичкиот шелтер е со најголем број легла во државата, односно 13 места и истиот располага со соодветни услови за престој на жртвите.

Жените во струмичкиот шелтер имаат можност да останат 3+3+6 месеци со претходно изготвени протоколи пропишани од министерството.

 

Министерството за труд и социјална политика води збирни податоци за жртви на семејно насилство, добиени од 30 Центри за социјална работа. Во првата половина на 2021 година вкупниот  број на  ново евидентирани жртви на семејно насилство во Центрите за социјална работа изнесува 789 жртви.

 

Главната цел на овие Центри е да ги заштитат жртвите и да им овозможат самостојно да продолжат со својот живот, да најдат вработување, егзистенција и да продолжат да живеат самостоен, спокоен, независен живот.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот