Северна Кореја истрела балистичка ракета

Фото: EPA

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Овој потег на Северна Кореја доаѓа пред претстојните заеднички вежби на САД и Јужна Кореја во Вашингтон следната недела.

– Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во Источното Море, изјави началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја, мислејќи на морската територија позната и како Јапонско Море.

Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета.

Лансирањето дојде еден ден откако севернокорејското Министерство за надворешни работи се закани дека ќе преземе „невидено“ силна акција против Јужна Кореја, откако таа ги објави планираните воени вежби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот