Од што се плаши Северина: Ја ангажирале и бајачката на Кеба за спас

Инстаграм

Северина и нејзиниот сопруг се уверени дека некој им фрлил црна магија, па затоа побарале помош од семејството на Игор, кои им ја препорачале својата семејна бајачка, пишува Курир.рс.

Семејството на Игор Којиќ е доста суеверно, а се зборува и дека имаат своја „матична“ бајачка, која со години им помага да се заштитат од негативна енергија, уроци, црни магии и злобни луѓе.

Со оглед на тоа што во последните месеци животот на Северина е вистински хаос, како сламка за спас таа ја гледа токму семејната бајачка на семејството на нејзиниот сопруг.

Поранешната девојка на Кеба, Љиљана Јевремовиќ, која е познат текстописец, но и мајка на неговата вонбрачна ќерка, за Курир.рс изјавила дека ѝ е сосема познато дека пејачот и неговата сопруга веруваат во магии и дека посетуваат бајачки.

Исто така, пред два месеци сопругот на Северина е снимен преку безбедносни камери како остава нешто пред куќата на бизнисменот Милан Поповиќ, со кој пејачката се бори за старателство над синот. Откако била повикана полиција, констатирано е дека се работи за свеќа која се користи во ритуални цели. Очигледно, семејството на Којиќ е доста суеверно, а веќе во тоа се впушта и самата Северина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот