Северина објави фотографија за да ја одбележи годишницата, фановите воодушевени: Ова е вашата најубава слика! (ФОТО)

Хрватската пејачка Северина на својот Инстаграм профил објави фотографија со сопругот Игор Којиќ, по повод пет години поминати заедно.

„Пет години љубов, среќа, почит, верба, пет години прекрасен живот. Те сакам“, напиша пејачката на Инстаграм.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Честитки, преубави сте“, „Прекрасен пар“, „Ова е вашата најубава слика“, „Горди сме на вас“, гласат само некои од коментарите под фотографијата.

Северина инаку се наоѓа во карантин во Белград. Пејачката времето го минува во готвење и чистење на домот, за што редовно ги известува обожавателите на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот