Сетиен: Лаутаро може да биде многу добар играч на Барса

фото: твитер

– Има четири или пет играчи кои играат на неговата позиција кои се извонредни – вели тренерот на каталонскиот клуб за „БЕИН Спортс“.

Кике Сетиен призна дека напаѓачот на Интер може да покаже многу добри перформанси во неговата Барселона.

Каталонскиот клуб и натаму се поврзува со Лаутаро Мартинез кој би можел да му биде биде соиграч на репрезентативниот колега од Аргентина, Лионел Меси.

Има четири или пет играчи кои играат на неговата позиција кои се извонредни и дека некој од нив го има она што е потребно за да игра за Барселона.

Во врска со овој играч, тој може да биде многу добар во овој тим, како и другите кои можат да бидат на негово ниво – рече Сетиен за „БЕИН Спортс“.

Моментно во офанзивниот дел Барса ги има Антоан Гризман, Лионел Меси, Усман Дембеле, Луис Суарез и данскиот интернационалец Мартин Брајтвајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот