Серена Вилијамс е инвеститор во берзата за криптовалути – Coinbase

Серена Вилијамс, една од најуспешните тенисерки на сите времиња, откри преку публикација на „Instagram“ дека има инвестиција во берзата за криптовалути – „Coinbase“.

Вилијамс ја искористи социјалната мрежа за да ја промовира својата компанија за вложување во капитал „Serena Ventures“, која беше основана во 2014. година.

Во публикацијата тенисерката набројува компании, во кои има инвестирано, а меѓу нив се истакнува името на „Coinbase“, како и на стартапи, активности во развој во области како фитнес, мода, храна и здравје, пренесува „CoinDesk“.

„Во 2014 година ја основав „Serena Ventures“ со мисијата да им дадам можности на претприемачите во голем број на индустрии. „Serena Ventures“ инвестира во компании кои ја промовираат разновидноста во лидерството, зајакнување на индивидуите, креативноста и можностите“, пишува во публикацијата на Серена Вилијамс.

На Веб-страницата на „Serena Ventures“ се вели дека компанијата има инвестирано во над 30 компании со вкупна пазарна капитализација од 12 милијарди долари. Нема детали за тоа колку изнесува инвестицијата на Вилијамс во „Coinbase“ и кога таа се случила.

Според „Crunchbase“, „Coinbase“ има добиено 546,6 милиони долари во инвестиции од 2012 година. За последен пат, компанијата собра 300 милиони долари во својата петта рунда на приватни инвестиции, одржана во октомври 2018 година, па на тој начин беше проценета на 8 милијарди долари.

Според податоците на „Forbes“, во 2018 година Вилијамс стана највисокоплатената жена спортист во светот, трета година по ред, со приходи од околу 18 милиони долари. Тенисерката поседува сопствена линија облека и додатоци.

Како спортист Вилијамс има 23 Гренд слем титули, што е рекорден број.

Паралелно со ова, таа има 14 титули од Гранд слем, заедно со нејзината сестра Венус, како и четири златни медали од Олимписките игри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот