Серена се повлече од Синсинати, Дел Потро од УС Опен - Слободен печат

Серена се повлече од Синсинати, Дел Потро од УС Опен

Серена Вилијамс поради проблеми со грбот се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати. Последниот настап на Американката беше во финалето на турнирот во Торонто, каде го предаде мечот од Бјанка Андреску. Вилијамс синоќа требаше да игра против Зарина Дијаз, а нејзиното место го зазеде среќната губитничка Џесика Пегула.

– Тажна сум што морам да се повлечам од Синсинати бидејќи ова ми е еден од омилените турнири. Дадов се од себе за да се подготвам, на утринскиот тренинг немав големи болки но свесна сум дека не можам да го издржам сиот напор кој го носи еден натпревар – изјави Вилијамс.

Титулата на најмалерозен тенисер на денешницата без сомнение му припаѓа на Хуан Мартин Дел Потро. Аргентинецот објави дека нема да учествува на последниот годинешен грен слем турнир УС Опен. Причината за откажувањето од УС Опен на Дел Потро е бидејќи сè уште се опоравува од операцијата на коленото. Дел Потро минатата година играше во финалето на УС Опен и загуби од Новак Ѓоковиќ.

Прочитајте и...  Гвардиола му оддаде почит на Ливерпул: Тие се фантастични, неверојатни

Прочитај повеќе

ОФИЦИЈАЛНО: Покрај Брајант и Џиџи загинаа уште седум лица во хеликоптерската несреќа

Слободен печат

Леброн во солзи поради Коби (ВИДЕО)

Слободен печат

Шекил шокиран од смртта на Брајант

Слободен печат

Кошаркарите не играа 24 секунди во чест на Брајант (ВИДЕО)

Слободен печат

Фановите се собираат пред „Стејплс“ центарот, никој не верува што се случи

Слободен печат

Црната Мамба замина во легендите: Кој беше Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари во историјата

Зоран Спасоски

Остави Коментар

four + nine =

Прочитај повеќе

Покрај Брајант, меѓу загинатите е и неговата ќерка Џиџи

Слободен печат

Ѓоковиќ и Брајант беа големи пријатели, му помогна на тенисерот кога му беше најтешко

Слободен печат

Видео од местото на несреќата каде Коби Брајант го загуби животот

Слободен печат

Светот се простува од Брајант со емотивни пораки

Слободен печат

ШОК ВО САД: Во хеликоптерска несреќа загина НБА ѕвездата Коби Брајант

Слободен печат

Фудбалерите ќе имаат огромна поддршка против Косово: Се обединија сите македонски навивачки групи

Слободен печат