СЕПАРАТИСТИЧКО ДВИЖЕЊЕ И ВО КАНАДА? Фаворитите за премиер против идејата за независност на Квебек

Фото: EPA-EFE/CHRIS WATTIE / POOL

Двајцата фаворити на канадските парламентарни избори жестоко ја критикуваа идејата на противкандидатот од сојузната канадска држава Квебек, Ив-Франсоа Бланшет, поради тоа што во јавниот дискурс повторно ја врати темата за сувереноста на тој дел од Канада.

Бланшет во оваа предизборна кампања бележи сѐ поголема популарност, главно поради уверливите настапи на дебатите и неговите ветувања дека, доколку биде избран, ќе ги застапува интересите на Квебек.

Неговите настапи ја намалија поддршката за двајцата фаворити во Квебек, актуелниот канадски премиер Џастин Трудо и шефот на опозициските конзервативци Андру Шер, сојузна држава која игра главна улога во трката.

Најновиот пример за стратегијата на Бланшет е изјавата во саботниот говор дека нацијата од Квебек „мора повторно да ја разгледа можноста за преземање на атрубути за суверенитет“.

Трудо и Шер веднаш реагираа со предупредување дека Бланшет повторно ќе го насочи Квебек на патот за отцепување од остатокот на Канада, што изминатите години не доби силна поддршка кај жителите на оваа сојузна држава.

Два референдуми за независност

Жителите на Квебек веќе двапати излегуваа на референдум за независност. Во 1995 година, 50,6 од гласачите гласале против, а 49,4 за независност, потсетува „Ројтерс“:

– Канаѓаните мора да се обединат. На тоа синоќа не потсети пораката на Бланшет и неговата партија, чиј нивен главен приоритет е отцепувањето, со што земјата повторно ќе се подели – рече Трудо во Ванкувер.

Шер пак предупреди дека партијата Блок повторно ќе побара референдум за независност на Квебек.

– Глас за Блок е глас за референдум – порача Шер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот