Уште едно брутално насилство кон жена, сега во Кавадарци: Сопругот ја тепал и ѝ се заканувал со нож
Уште еден случај на брутално насилство врз жени во семејството полицијата бележи во Кавадарци. Жител на градот ја тепал сопругата и ѝ се заканувал со остар предмет. Откако жената го пријавила случајот во полиција, насилникот добил забрана за приближување. Според пријавата, тој претходно поставил ГПС-локатор на автомобилот на сопругата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Насилникот не е уапсен, туку полицијата со него „извршила службен разговор“.
„Во ОВР-Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., 35-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес“ соопшти МВР.
Локаторот бил одземен, а на М.Б. му била изречена мерка – забрана за приближување.


