Сем Смит се похрабар: Не се откажува од шминка, штикли и обетки! (ФОТО)

Откако Сем Смит се изјасни како човек кој не се чувствува ниту како маж ниту како жена, односно родово флуиден, во јавноста се појавува во се посмели изданија.

Поп пејачот очигледно се пронашол себе и тоа не се срами да го покаже, а на неодамнешното доделување на NRJ Music наградите тој се појави во посмело издание со кое воодушеви.

Смит се одлучи за свилено сако кое го спои со панталони со широки ногавици, а облече и чевли со висока потпетица.

Целиот изглед го заокружи со висечки обетки и интересен ремен, а уште еднаш тој очите ги нагласи со црн туш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот