СЕЛО НА САРДИНИЈА ГИ СОВЕТУВА ТУРИСТИТЕ: „По мапите на Гугл ќе завршите во провалија“

Фото: COMUNE DI BAUNEI - SANTA MARIA NAVARRESE

Недопрени плажи, необични карпи, стрмни романтични патишта и прекрасна природа – италијанскиот остров Сардинија може да се пофали дека е еден од најживописните региони во Италија.

Но, некои туристи се соочуваат со сериозни проблеми кога го посетуваат островот. Властите во Баунеи, место во источната провинците Оглиастра на Сардинија упатија апел за посетителите, кажувајќи дека мапите на Гугл не се соодветен водич за патување низ регионот.

Туристите редовно ги следат своите уреди за навигација и завршуваат на патишта кои се несоодветни за автомобили, во обид да стигнат до „скриените“ плажи, за потоа да мораат да бидат спасувани од локалната противпожарна служба ако се заглават.

Бројот 144 за итни случаи функционира и за автомобили и за планирани во последните две години. Еден од последните проблеми кои ги натера властите да го упатат апелот за туристите да прекинат да ги користат мапите на Гугл беше кога двајца туристи со автомобил заглавија на неасфалтиран пат во стрмните предели на Супрамонте.

Службите за итни случаи се финансирани од локалната заедница, а туристите не треба да платат доколку мораат да ги повикаат.

Градоначалникот на селото Баунеи, Салваторе Кориас, изјави за Си-Ен-Ен дека властите, за да се избегнат овие чести случаи, поставија знаци на италијански и англиски кои ги советуваат туристите да не ги следат патишата на Гугл мапс.

– Патиштата кои туристите ги гледаат на мапите на Гугл се соодветни само за теренски возила. Премногу градски возила се заглавуваат на незгодните карпи, се поради тоа што ги следат Гугл мапс, чии инструкции се често грешни за нашите патишта – рече Кориас.

Гугл ветија дека ќе го разгледаат и ќе го решат проблемот на Сардинија, а дотогаш надлежните велат туристите да се служат со класичните карти испечатени на хартија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот