Селена Гомез: Болката и анксиозноста го презедоа кормилото во мојот живот (ФОТО)

profimedia

Селена Марија Гомез е родена на 22 јули 1992 г. во Тексас, а името го добила по трагично загинатата пејачка и актерка Селена.

Кога имала пет години нејзините родители одлучиле да се разведат, а таа останала да живее со мајка ѝ која подоцна се премажила.

instagram

– Бев фрустрирана поради разводот на моите родители и мислев дека светлото на крајот од тунелот никогаш нема да се појави. Мајка ми многу се трудеше да ми обезбеди подобар живот, и денес, кога размислувам за тоа, се плашам од самата помисла што ќе станеше со мене ако останев во Тексас – се сеќава Селена и додава:

– Пред мене мајка ми секогаш се правеше силна. Да родиш дете на 16 години е голема одговорност, а таа на крајот се откажа од сѐ за да ми го посвети животот мене, работејќи и по три работи, само за да ми овозможи добри услови за живот.

Instagram

Селена е одгледувана според католичката вера и на 13 години таа решава да носи прстен на невиност, кој нејзиниот татко го однел во црква за да го благословат.

– Всушност, ме искористи да им даде пример на другите деца дека имам намера да го одржам ветувањето кон себе, семејството и Бог – се присетува Селена.

Прстенот го извади во 2010 година, а седум години подоцна открива дека верата не ѝ значи толку, колку што ѝ значи нејзиниот личен однос со Бог.

На аудиции почнува да оди прилично рано, а едно од првите звучни имиња со кои го започнува својот пат во шоу-бизнисот е Деми Ловато. Вратите на тој дотогаш за неа непознат свет се отвораат откако ја добива улогата во популарната тинејџерска серија Хана Монтана.

profimedia

Албумите и турнеите се нижат, но ретко кој знае дека во нејзиниот приватен живот не се одвивало сѐ така „сјајно“.

Во 2016 година, за време на светската турнеја „Ривајвл“, Селена ги откажува концертите во Европа и Јужна Америка поради здравствени проблеми, поточно напади на паника, депресија и анксиозност предизвикани од автоимуно заболување лупус и се пријавува на клиника за рехабилитација.

flick

Тогаш одлучува да се фокусира на нејзиното психичко здравје и поради тоа се повлекува од социјалните мрежи. Повторно се појавува во јавност на доделувањето на Американските музички награди, каде што е номинирана во неколку категории.

Болеста ѝ е дијагностицирана помеѓу 2012 и 2014 година, а во 2017 година прави операција за трансплантација на бубрег, која се одвивала во најголема тајност. Таа самата ја открива на Инстаграм преку објавување фотографија од болнички кревет на кој веднаш до неа лежи нејзината најдобра пријателка, актерката Франсија Раиса, која го донирала бубрегот.

profimedia

Кога станува збор за љубовниот живот, момчињата на Селена Гомез се познати во јавноста. Во 2008 г. беше во врска со денешниот сопруг на Пријанка Чопра, Ник Џонас. Врската не траеше долго, а во декември 2010 година Селена започна врска со тогаш екстрно популарниот Џастин Бибер, која уште од почетокот беше исполнета со подеми и падови, а дефинитивно ѝ ставија крај во март 2018 година.

Џастин Бибер набрзо потоа стапи во врска со Хејли Болдвин, неговата денешна сопруга, додека Селена почна да се забавува со раперот Викенд. Сепак, ни таа врска не опстана и денес таа е сама, посветена на нејзиното здравје и кариера.

Минатата година уште еднаш се повлече од јавност, пријавувајќи се на рехабилитација за да го подобри психичкото здравје.

– Минатата година патев психички и физички. Не можев да се присилам да се смеам и да се правам дека сѐ е во ред, кога не беше. Имав чувство дека болката и анксиозноста ја преземаа контролата врз мојот живот, тоа ми беше еден од најстрашните моменти во животот. Побарав помош од докторите кои ми ја поставија вистинската дијагноза и тоа ми делуваше истовремено застрашувачки и олеснувачки. Застрашувачки зашто сѐ се откри, а олеснувачки зашто конечно дознав зошто со години се борам со депресија и анксиозност. Иако ова не значи дека тој дел од мојот живот исчезнал, сепак можам да кажам дека после една година интензивна работа на себе сум посреќна, поздрава и конечно ги држам емоциите под контрола – вели Селена.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот