Села: Ахмети се плаши да се соочи со албанската опозиција

Зијадин Села / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.
Али Ахмети очигледно се плаши од Алијанса за Албанците (АА), бидејќи не го прифати нашиот предизвик, да оди на локални избори без коалиции, без пресметување на гласовите на партиите на Македонците и да ги мери силите со гласовите на граѓаните, вака ја коментираше предизборната коалиција објавена синоќа меѓу ДУИ и СДСМ за локалните избори, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, пренесува „Слободен печат“.
„Али Ахмети не го прифати предизвикот да излезе лице в лице на локалните избори. Ние од една и тој со албанските партии во власта од друга страна. Очигледно постои страв “, изјави Зијадин Села, лидер на АА, пред влезот на Собранието каде се очекува да се изгласа законот за државјанство во брза постапка и со европско знаме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот