Секуловски: На Шкендија нема ѝ биде лесно против Брегалница во Штип

секуловски
Тренерот на ФК Брегалница, Марјан Секуловски/Фото: fkbregalnica.mk

Брегалница ја очекува нов вистински предизвик на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. По дуелот со еден од најголемите конкуренти за титулата, екипата на Шкупи, и секогаш тешкото гостување против Скопје утре „сините“ во третото коло ги очекува пресметката со актуелниот шампион Шкендија.

По двете ремија без голови, од Брегалница иако се свесни дека претстои повеќе од тежок меч и поради лошиот старт на Шкендија на сезоната која сега ќе бара „поправка“ посакуваат квалитетно издание и позитивен резултат.

Шефот на стручниот штаб на ФК Брегалница Штип, Марјан Секуловски осврнувајќи се на двата претходни натпревари жали што е пропуштена можноста барем за уште два бода кои „сините“ ги заслужија. Но, сето тоа се остава зад себе и фокусот е на Шкендија.

– Нè очекува тежок натпревар против актуелниот шампион. Јасно е дека Шкендија на секој натпревар е фаворит за бодовите. Сега дополнително мотивирани за победа доаѓаат во Штип по поразот од Ренова, но јасно е и дека воопшто нема да им биде лесно.

Нема збор дека максимално го респектираме противникот, но доволно ги знаеме и сопствените квалитети кои верувам може да не одведат до позитивен резултат. Огромната поддршка од навивачите сигурно треба да биде дополнителен импулс за максимално издание на терен – вели Секуловски.

Натпреварот меѓу Брегалница и Шкендија од третото коло во ПМФЛ се игра утре на Градскиот стадион во Штип со почеток од 17.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот