Сексапилна бразилска судијка од терените се сели пред ТВ камерите (ФОТО/ВИДЕО)

Бразилката ќе ги коментира и анализира судиските одлуки на натпреварите во Копа Либертадорес на Фокс ТВ.

Убавата Бразилка, Фернанда Коломбо, која стана позната како линиски судија на фудбалските терени, од нардната недела таа ќе има ново задолжение и тоа во специјализирана емисија која ќе се емитува на телевизијата Фокс.


Фернанда ќе биде стручен консултант во коментирањето на судиските одлучи во Копа Либертадорес, јужноамериканската Лига на шампиони.

Таа ќе ја наследи Надина Бастос која се пресели на телевизијата Глобо.
– Ќе биде прекрасно да се коментираат највозбудливите фудбалски натпревари – изјави Фернанда Коломбо.

Сопругот на Фернанда, Сандро Меира Ричи, исто така е фудбалски судија, а сликата од нивниот бакнеж пред почеток на натпревар го обиколи светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот