СЕКС-СКАНДАЛОТ ДОАЃА НА ТВ: Се снима серија за аферата Клинтон-Левински

моника левински
Фото Профимедиа

Моника Левински ќе биде ексклузивен продуцент на следната сезона на антологиската серија „Американска крими приказна“.

Првата сезона од оваа серија го опфати судењето на О.Џ. Симпсон, втората убиството на Версаче, а третата ќе се занимава со еден од најголемите скандали во историјата на САД.

Бини Филдстајн ќе ја глуми Левински, а Сара Полсон ќе се појави како Линда Трип. Уште не се знае кој ќе ја глуми Хилари Клинтон.

Приказната е базирана на книгата на Џефри Тјубин, „Пропаднат заговор: Вистинската приказна за секс-скандалот кој го уништи претседателот“.

Серијата ќе ја има својата премиера во 2020 година, на каналот Фокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот