Секој месец плаќаме по 250.000 евра во гасен терминал што не работи, има ли правен излез?

Плаќаме една година, а така како што е склучен договорот не може да се раскине. Договорот е склучен на 15 години, рече министерката Божиновска

Секој месец стигнува фактура од 250.000 евра и нашата држава уредно си ја плаќа за закуп на капацитет во гасниот терминал во Грција, во Александрополис, но терминалот не работи! Закуп плаќаме веќе една година, откако во октомри 2024 година терминалот беше пуштен, за да престане да работи од 28 јануари 2025 година.

Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека ангажирани се правни служби за да се види дали постои излез од оваа ситуација.

-250.000 евра се плаќаат секој месец. Тоа е договор што е склучен и за кој мора да се плаќа. Сега засега плаќаме нешто што ниту сме можеле да го користиме, ниту што ќе можеме годинава да го користиме. Ангажирани се правни служби. Плаќаме една година, а така како што е склучен договорот не може да се раскине. Договорот е склучен на 15 години. – изјави Божиновска.

За да постои диверзификација во снабдувањето со гас, проектот во Грција се најави како особено важен, а позитивно се изјасни речиси целата енергетска јавност.

Гасниот терминалот во Александрополис е планиран со подморски и копнен гасовод за природен гас, кој ја поврзува пловечката единица со Националниот систем за пренос на природен гас и преку него треба да се испорачува природен гас надвор од Грција до Бугарија, Романија, Македонија, Србија, Молдавија и Украина на исток, како и Унгарија и Словачка на запад.

Во февруари годинава од грчка страна почна да се гради гасниот интерконектор кон Македонија, додека од наша страна, изградбата почна во јуни и според најавите гасоводот тој треба да биде готов во 2027 година.

Во март 2021 година, Македонија официјално стана дел од проектот за изградба на терминалот за течен природен гас, откако беа потпишани меморандуми за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Грција. Тогашната македонска Влада соопшти дека „согласно договорот нашата земја учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во Александрополис која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра“ и дека е предвидено учество и „со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал“.

Ќе ѝ плаќаме на грчка фирма 300.000 евра месечно уште 14 години за закуп на капацитет за гас што не го користиме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот