„Секогаш ќе се сеќавам…“: Се појави емотивна преписка на Анџелина Џоли и Бред Пит

Анџелина Џоли и Бред Пит
Анџелина Џоли и Бред Пит во 2012 година / Фото: EPA/PASCAL LE SEGRETAIN

Среде тековните правни проблеми меѓу поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит, на Тик-ток повторно се појави електронско писмо што 47-годишната актерка му го напишала на својот поранешен сопруг во јануари 2021 година. Во меѓувреме, новинарите од „Ентертејмент тунајт“ ја нашле електронската преписка во судски документ.

Писмото започнува така што Џоли тврди дека одлучила „ова да го преточи во писмен облик за да не биде премногу емоционална“, пред детално да му ја објасни својата одлука да ја продаде винаријата Шато Миравал, чиј сопственик делумно е и Пит.

„Ова е местото каде што ги донесовме близнаците дома и каде се венчавме во знак на сеќавање на мајка ми. Место кое го ветуваше она што можеше да биде и каде мислев дека ќе остарам. Дури и сега ми е невозможно да го напишам ова без да плачам. Секогаш ќе се сеќавам на она што беше пред десет години“ напишала актерката, присетувајќи се на убавите денови.

Фотографии од венчавката на Џоли и Пит во нивната винарија / 8 септември 2014 / Фото: CAP/PLF / Capital pictures / Profimedia

„Но, ова е и местото кое го претставува почетокот на крајот на нашето семејство и бизнис кој е фокусиран на алкохолот. Се надевав дека некако може да стане нешто што ќе нѐ држи заедно и дека најдовме светлина и мир. Сега гледам дека навистина сакаше да си одам и, веројатно, ќе ти биде мило што ќе го добиеш ова писмо“, искрено напишала Џоли.

Понатаму, актерката напишала дека во текот на изминатите четири години видела „многу непромислено однесување, пари потрошени на начини кои не би ги одобрила и одлуки за кои не била консултирана“, велејќи дека е „повредена од донесените одлуки, недостатокот на интерес за споделување на работата и недостаток на промена во нешто што би било поздраво за децата“.

„Бев шокирана од неодамнешните слики наменети за продажба на алкохол. Сметам дека тоа е неодговорно и дека не е нешто што би сакала да го видат децата. Ме потсети на едно болно време“, продолжила таа, пишувајќи дека не чувствувала дека „би можела да биде вклучена, јавно или приватно, во бизнис заснован на алкохол, кога алкохолизмот толку длабоко го оштетил нивното семејство“.

Вина од винаријата Шато Миравал / Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

Потоа, актерката рекла дека не може да учествува во споменатиот бизнис „од морални причини и заради благосостојбата на нашето семејство“ и дека Пит ќе ја поддржи во обидот да ја продаде компанијата и „да продолжи по ова тешко и болно поглавје“ во нивните животи.

Џоли го спомнала и инцидентот во авионот во 2016 година, за кој претходно тврдеше дека Пит „се нафрлил на сопственото дете“ и „го давел едното, а другото го удрил по лицето“. Исто така, таа тврдеше дека Пит „истурил пиво и црвено вино“ врз децата. Истиот месец, кога се случил наводниот инцидент, Џоли поднесе барање за развод.

„Не можам да изразам колку е вознемирувачки за мене што морав да стигнам до оваа точка. Ти посакувам сѐ најдобро со оваа работа и искрено се надевам дека децата ќе го доживеат Миравал поинаку кога ќе пораснат и кога ќе те посетат, но Миравал умре за мене во септември 2016 година. Сѐ што видов години подоцна, за жал, го потврди тоа“, пишува актерката.

Бред Пит со ексклузивно вино од нивната винарија / Фото: Château Miraval/ MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Како потсетување, Џоли му ја продаде винаријата Шато Миравал на рускиот олигарх Јуриј Шефлер пред неколку месеци, поради што Пит ја тужеше. Пит признал дека неговата поранешна сопруга вложила 40 отсто од куповната цена од 28,4 милиони долари, но тврди дека само тој е одговорен за успехот на винаријата. Исто така, Пит тврди дека според условите на нивниот развод во 2019 година, тој и Џоли се согласиле и „заемно разбрале“ дека ниту еден од нив не може да го продаде својот дел од винаријата без согласност на другиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот