Секое трето дете во Германија има проблем со менталното здравје поради пандемијата

Илустративна фотографија / СП. архива

 Експертите за ментално здравје на децата во Германија изразија зголемена загриженост во врска со затворањето на училиштата и ограничувањата што го влошуваат стресот на пандемијата кај 13,7 милиони деца и тинејџери во земјата. Тие ја потенцираат можноста за идна криза поради менталното здравје, објави Гардијан.

Едно од секои три деца страда од пандемска анксиозност или депресија или има психосоматски симптоми како што се главоболки или стомачни болки, покажа неодамнешното истражување на медицинскиот центар на универзитетот Хамбург-Епендорф.

Децата од семејства со ниски примања и семејствата на имигранти се непропорционално погодени, покажува студијата.

– Сè уште немаме долгорочно истражување, но има многу докази за зголемување на хоспитализациите и пренатрупаноста на сеанси со психолози поради кризата, рече Џулија Асбранд, професорка по детска и младинска психологија на Универзитетот Хумболт во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот