Седум починати пациенти и 416 нови случаи во изминатите 24 часа во Македонија

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се направени 2.705 тестирања на ковид-19, а регистрирани се 416 нови случаи во Скопје – 186, во Прилеп – 37, во Кавадарци – 29, во Охрид – 23, во Велес и во Струга по 16, во Тетово – 13, во Куманово – 12, во Битола – 11, во Струмица – 10, во Гостивар и во Штип по 8, во Кочани – 7, во Гевгелија, во Неготино и во Крива Паланка по 5, во Радовиш и во Делчево по 4, во Свети Николе и во Берово по 3, во Кичево, во Ресен и во Дојран по 2 и во Пробиштип, во Кратово, во Валандово, во Богданци и во Крушево по 1.

Регистрирани се 278 оздравени пациенти од Скопје – 143, од Охрид – 20, од Кавадарци – 16, од Велес и од Тетово по 14, од Куманово – 12, од Прилеп и од Штип по 7, од Струга – 6, од Битола и од Струмица по 5, од Кичево – 4, од Гостивар, од Кочани, од Неготино и од Пробиштип по 3, од Гевгелија, од Радовиш, од Кратово, од Крушево и од Демир Капија по 2 и од Крива Паланка, од Свети Николе и од Ресен по 1.

Пријавени се вкупно седум починати пациенти – тројца од Скопје (61 год., 66 год. и 86 год.), двајца од Струга (53 год. и 73 год.) и по еден од Охрид (69 год.) и Кавадарци (84 год.), сите во болнички услови.

Направените 2.705 теста се преку ИЈЗ – 488, преку ЦЈЗ Скопје – 84, преку „Авицена“ – 204, преку „Биотек“ – 589, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 159, преку „Систина“ – 214, преку лабораторија „Лаор“ – 146, преку МАНУ – 84, преку Судска медицина – 12, преку ЦЈЗ Битола – 69, преку Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, преку „Синлаб“ – 52, преку „Ремедика“ – 23, преку ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 567, преку УК Пулмологија со алергологија – 5 и преку ГОБ „8 септември“ – 6.

Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.

Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 42.009, активни – 2.818

Куманово – 5.329, активни – 240

Тетово – 5.234, активни – 210

Прилеп – 4.746, активни – 230

Гостивар – 3.682, активни – 122

Штип – 3.552, активни – 79

Битола – 3.304, активни – 127

Велес – 3.244, активни – 218

Охрид – 2.995, активни – 352

Кавадарци – 2.864, активни – 379

Струмица – 2.608, активни – 147

Струга – 2.303, активни – 159

Кочани – 1.767, активни – 57

Кичево – 1.745, активни – 76

Свети Николе – 1.097, активни – 25

Гевгелија – 1.060, активни – 100

Неготино – 1.017, активни – 73

Дебар – 777, активни – 53

Ресен – 769, активни – 64

Крива Паланка – 755, активни – 45

Радовиш – 737, активни – 49

Делчево – 692, активни – 205

Берово – 617, активни – 34

Пробиштип – 517, активни – 16

Виница – 503, активни – 26

Валандово – 333, активни – 10

Демир Хисар – 254, активни – 11

Македонски Брод – 249, активни – 10

Кратово – 245, активни – 21

Богданци – 228, активни – 6

Крушево – 227, активни – 37

Демир Капија – 226, активни – 45

Македонска Каменица – 192, активни – 4

Пехчево – 183, активни – 4

Дојран – 92, активни – 12

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот