Седниците на Советот на Општина Центар од февруари ќе се пренесуваат на интернет

Фото: ТВ24

Советот на Општина Центар денеска ја одржа втората седница, на која е одлучено од февруари, седниците да се пренесуваат во живо на интернет.

Како што информираа од граѓанската иницијатива Шанса за Центар, која има тројца претставници во новиот Совет, на денешната седница е одлучено и сите советници да ги добијат сите одлуки за суспензии на урбанистички планови, како и мислењата кои се добиени од Министерството за транспорт и врски, за да се запознаат со одлуките и да има континуитет во одлуките.

Формирани се и комисиите во Советот, а усвоена е и предлог-одлука за прераспределба на средства во Буџетот за 2021 година, информираат од Шанса за Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот