Се урна пакистански патнички авион со 107 патници (ВИДЕО)

Локалните медиуми јавуваат дека при падот на авионот оштетени се и неколку станбени објекти.

Патнички авион на „Pakistan International Airlines“ се урна во Карачи за време на летот од Лахоре, јавува „Би Би Си“.

Портпаролот на пакистанската авиокомпанија, Абдул Сатар изјави за локалните медиуми дека во авионот „Ербас А-320″ се наоѓале 107 патници.

Според Агенцијата, патничкиот авион се урнал во населена област во близина на аеродромот во Карачи.

На „Твитер“ почнаа да се шират видеа и слики од местото на несреќата, а локалните медиуми дека при падот на авионот оштетени се и неколку станбени објекти.

И тамошните медиуми објавија дека во авионот имало 99 падници и 8 членови на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот