Се тресе и НБА: Дурент има коронавирус и уште тројца кошаркари на Бруклин!

twitter.com/sport

Пред да се дознае за Дурент, кошаркарскиот клуб на Бруклин Нетс објави дека се заразени четири негови играчи, без да ги објави имињата.

Како што е веќе познато, има прекин во најдобрата кошаркарска лига на светот поради епидемијата на коронавирусот.

Последните информации велат дека еден од најдобрите играчи во кошаркарската игра, Кевин Дурент е позитивен на коронавирусот.

Ова го објави новинарот Шамс Каранија, познат по добрите информации од светот на НБА лигата. Дурент, кој е член на составот на Бруклин Нетс, вели дека се чувствува добро.

– Бидете внимателни, грижете се за себе и бидете во карантин. Ќе поминеме низ ова – рече Дурент за „Атлетик“.

Претходно тројца играчи од НБА веќе се тестирани позитивно на вирусот Ковид-19 (Гобер и Мичел од Јута, Вуд од Детроит), а списокот е зголемен за уште четири кошаркари.

НБА кошаркарскиот клуб на Бруклин Нетс објави дека се заразени четири негови играчи на Ковид-19, без да ги објави имињата.

– Од четирите играчи, еден покажа симптоми, а тројца не. Сите четири кошаркари се изолирани и се под надзор на нашите лекари. Нашата организација во овој момент работи да ги дознае сите оние кои биле во контакт со играчите, вклучувајќи ги и кошаркарите од последниот тим против кој игравме меч, и исто така е во постојан контакт со државните и здравствените институции – се вели во соопштението на Бруклин.

Кошаркарскиот новинар Адријан Војнаровски информира дека сите кошаркари на Бруклин се тестирани по враќањето од Сан Франциско, а резултатите стигнаа денеска.

– Клубот плати до приватна клиника да направи тестови на коронавирус. Еден играч ги почувствува симптомите во вторникот наутро, другите немаа симптоми – известува Војнаровски.

Нетси својот последен натпревар, пред прогласувањето на прекинот на сезоната, го одиграа против Лос Анџелес Лејкерс и забележаа победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот