Се сретнаа комисиите за европски прашања на парламентите на Македонија, Албанија и Косово

Претседателите и членовите на комисиите за европски прашања на парламентите на Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово денеска одржаа средба во рамки на работната посета на Скопје на парламентарните делегации на двете соседни земји. Со состанокот претседаваа претседателите на трите работни тела, Арбер Адеми од Комисијата за европски прашања во Собранието на Северна Македонија, Јорида Табаку, која ја предводи Комисијата за европски прашања во Собранието на Албанија и Резарта Красниќи, која е на чело на Комисијата за европски интеграции во Собранието на Косово.

Од собраниската прес служба информираат дека пратениците од трите држави разменија мислења за евроинтеграцијата на регионот, во зависност од етапите од тој процес во кој се наоѓа одредена земја и предизвиците со кои се соочува, за потребата од спроведување на европските критериуми, како и за неопходноста за засилување на регионалната соработка и размената на искуства на патот кон ЕУ.

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Арбр Адеми, истакна дека односите на нашата земја со Албанија и со Косово ги карактеризира длабоко пријателство, без какви било отворени прашања, меѓусебна поддршка, почитување и отворен дијалог, што се пресликува и во меѓупарламентарната соработка, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Адеми потенцираше дека уште од независноста во 1991 година, нашата земја се соочува со предизвици на патот кон полноправното членство во ЕУ, но најважно е што земјата не ја смени својата евроатлантска ориентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот