Се снимал со бомби на која била означена локација Доброште!
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица кој неовластено држел експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети.
Жителот на Мала Речица дури и се снимал и фотографирал со својот мобилен телефон како држи во рака две рачни бомби кашикари! На снимката имал и означена локација во селото Доброште.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица кој неовластено држел експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети. Две рачни бомби – кашикари ги снимил и фотографирал со својот мобилен телефон, како ги држи во рака. На телефонот имал и означена локација во селото Доброште. Потоа се упатил со автомобил кон локацијата, но на влезот од селото селаните веднаш го забележале како сомнително непознато лице. За да не биде откриен, бомбите ги извадил и ги оставил покрај патот, па продолжил да вози. Меѓутоа, локални жители му го попречиле патот, го пријавиле во полиција, по што бил лишен од слобода.Истрагата е поведена за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор“, соопшти ОЈО Тетово.
Полициските службеници од Полициското одделение Теарце го привеле 52-годишниот Г.Ц. од село Мала Речица, Тетовско, по дојава дека се договарал за поставување експлозивна направа пред куќа во село Доброште.
Инцидентот се случил ноќва, во 03:20 часот, кога пријавителот, жител на тетовско село, слушнал како осомничениот пред неговата куќа разговара со друго лице за поставување на експлозив.
Како што соопшти СВР Тетово, во текот на истрагата, околу 10:15 часот, полициските служби пронашле две неексплодирани рачни бомби покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот. Бомбите биле безбедно отстранети од страна на стручни лица.
Оттаму велат дека Г.Ц. е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Истражните органи продолжуваат со документирање на случајот.


