Се појави интервју од 1998 година: Џенифер Лопез БЕСРАМНО ги коментира колешките

принтскрин

Џенифер Лопез ја носи титулата на една од најуспешните жени во светот, што го мотивирало уредникот на „Мувилајн“ да пронајде едно интервју кое познатата глумица за овој медиуму го дала во 1998 година.

Во интервјуто Џенифер ги коментирала колешките Камерон Дијаз, Гвинет Палтроу и низа други, а интересно е што за нив немала зборови за пофалба.

За Камерон Дијаз рекла дека е убава среќничка која добила многу прилики, ама ништо не направила сама.

„Прекрасна е, и кога го гледав „Венчавката на мојот најдобар пријател“, помислив: Кога некој ќе ја упати, може да биде добра“, рекла Џенифер.

Image result for cameron diaz funny

Немала убави зборови ни за Гвинет Палтроу.

„Кажете ми во што глумела таа? Се колнам дека не се сеќавам ни на еден филм. Некои луѓе стануваат ѕвезди поради врските. Сум слушнала повеќе за неа и за Бред Пит отколку за нејзината работа“, рекла.

Ни ставот кон Мадона не ѝ бил многу различен.

„Мислам дека е одлична изведувачка. Да. Мислам ли дали е добра глумица? Не. Глумата е нешто со што се занимавам и затоа сум поостра“, рекла Џенифер.

профимедиа

Фановите на Џенифер на друштвените мрежи реагираат поставувајќи го прашањето:
„Што мисли сега за овие дами?“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот