-1 C
Скопје

Се подготвува монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија

Во тек се подготвителни активности за новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, кој ќе биде поставен на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ, информираат од министерството за здравство.

Веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел. Кон крајот на неделата ќе почне поставувањето на контејнерите, чија монтажа треба да заврши до 30 јули, а се планира кон средина на август, објектот да биде целосно подготвен.

Во новиот објект ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти. Сето ова е придружено со сите потребни помошни простории, тоалети и гардеробери за персонал, засебни тоалети за пациенти, чекални, административни соби, стерилни остави, сервер соба, климатизација и слично. Целио простор ентериерно и екстериерно е оформен така да не постојат бариери и препреки за лица кои користат помагала и лица со попреченост, за кои се предвидени и специјални тоалети согласно стандардите.

Прочитајте и...  Филипинските жени го критикуваат „сексистот“ Дутерте откако тој рече дека функцијата претседател – не е за жена

Во меѓувреме се работи на изготвување план за потребното ентериерно уредување и обезбедување медицинска и немедицинска опрема.

Од Клиниката за пулмологија појаснуваат дека пациентите со белодробни заболувања, заради хроничната болест на белодробниот систем се во најризичната група за добивање Ковид-19, како и за развивање тешки компликации од вирусот, затоа е посебно значајно поставувањето на монтажната амбуланта, која ќе ги исполнува најсовремените стандарди за работа.

Поврзани вести

Во Скопје казнети 219 возачи, 18 возеле без дозвола

Слободен печат

Бесплатно скијање во битолскиот скијачки центар „Нижо Поле”

Слободен печат

Змиски отров можен лек против Ковид-19

Слободен печат

Пелоси: Некои конгресмени би можеле да бидат кривично гонети

Слободен печат

Во Србија пристигнаа милион кинески вакцини

Слободен печат

Во Центар санкционирани 84 возачи

Слободен печат

Остави Коментар