Се омажи Скарлет Јохансон: Глумицата по третпат реши да застане на „лудиот камен“

Instagram

Глумицата Скарлет Јохансон минатиот викенд се омажи за американскиот комичар Колин Јост. 35-годишната глумица и комичарот решија двегодишната врска да ја крунисаат со брак.

Веста за венчавката е објавена на социјалните мрежи на хуманитарната организација „Meals on Wheels“, каде што се наведува дека парот се венчал на интимна церемонија на која присуствувале само најблиски членови на семејството и блиски пријатели.

За време на церемонијата се почитувале сите пропишани мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, а Скарлет и Колин им порачале на фановите кои ја прославуваат нивната венчавка тоа да го направат со донирање пари за хуманитарни цели.

Profimedia

Нивна желба на венчавката беше да им помогнат на постарите лица во текот на ова тешко време“, пишува во објавата на страницата, во чиј опис се наоѓа линк за донација.

Скарлет Јохансон од 2008 до 20111 беше мажена за Рајан Рејнолдс, а од 2014 до 2017 година за новинарот Роман Дуријак, со кого ја има 6-годишната ќерка Роуз Дороти.

Фото: Профимедиа

Магазинот „Форбс“ ја прогласи Скарлет за најплатена глумица во 2019 година, во текот на која заработила 56 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот