Се огласи Британската амбасада за мигрантските кампови

Двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнувајќи ја безбедноста и справувајќи се со криминалните мрежи, објави Британската амбасада во Македонија на социјалните мрежи по објавите во дел од британските медиуми и реакциите во земјава за наводно отворање на мигрантски кампови.

Со дипломатски речник ниту ги потврдув, ниту ги демантира, ниту ги расчистува дилемите во јавноста.

-По клучната средба меѓу премиерите Стармер и Мицкоски во мај, Велика Британија и Северна Македонија воспоставија Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји. Како дел од ова, двете земји потпишаа партнерство Влада со Влада за реализација на критични инфраструктурни проекти во земјава. Оваа соработка беше зајакната и од двајцата премиери за време на средбата во рамки на Берлинскиот процес што се одржа во Британија во октомври оваа година. Дополнително, двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнувајќи ја безбедноста и справувајќи се со криминалните мрежи. Ние стоиме цврсто со нашиот македонски сојузник во НАТО во унапредувањето на просперитетот, безбедноста и економскиот раст, стои во објавата на фејсбук профилот на Британската амбасада.

Амбасадорот Метју Лосон на заедничката прес-конференција во мај со премиерот Христијан Мицкоски, на која беше претставен Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, ги демантираше информациите во некои медиуми дека во земјава ќе се градат кампови за мигранти и кажа дека суштината на ова стратешко партнерство се инвестиции, раст на економијата. – Не се работи за тоа дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Станува збор за полициска соработка, борба против криминални мрежи и споделување разузнавачки податоци, рече Лосон.

Николоски во Лондон го потпиша најголемото задолжување во независна Македонија

За ова вчера реагираше ВМРО-ДПМНЕ, по барањето на опозициската СДСМ да кажат што е договорено со Британците.

-Да бидеме јасни, заради јавноста: Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови. Ова е уште една лага од „фабриката” на истата партија која пред само неколку години молчеше пред најголемиот мигрантски бран и ја претвори државата во транзитна зона без контрола. Денес, тие истите глумат загрижени патриоти, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту се преговара, ниту се планираат мигрантски кампови во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот