Се огласи Берни Еклстон откако на неговата ќерка ѝ украдоа накит од 60 милиони евра: Мора да е некој од „внатре“ (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Откако во петокот на 13 декември ја ограбија Тамара Еклстон (35) се огласи и нејзиниот татко Берни Еклстоун (89), поранешниот прв човек на Формула 1 и ги изнесе своите сомнежи.

Берни се огласи во британските медиуми откако на неговата ќерка ѝ го украдоа накитот вреден 64 милиони фунти од нејзниот дом и кажал дека кражбата била многу добро организирана од крадците кои не можеле да се снајдат во куќа од 57 простории.

Фото: Профемина

– Ги немам сите податоци врзани за истрагата, но ако земеме во обзир какво е обезбедувањето на Тамара, морам да претпоставувам дека ова го смислил некој од „внатре“. Ужасно е тоа што се случило, драго ми е само што семејството ми беше на пат – рекол Берни за британските медиуми по грабежот.

Вилата на Тамара е вредна 80 милиони евра и се наоѓа во Лондон во делот каде што се амбасадите на повеќето странски земји и поради тоа во областа константно има вооружени полициски патроли.

Дека и Тамара има исти сомнежи како татко ѝ, односно дека грабежот го смислил некој близок, потврди и со фотографија од мистериозен цитат од Библијата, која ја сподели на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот