Се „одмрзнуваат“ маржите на производите од есенската кошничка
Завршува мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница. Одлуката ја донесе Владата во втората половина на септември, а со неа беа опфатени 73 основни прехранбени производи на кои бруто профитната маржа им беше ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало.
Препорачано
Од Владата најавија и новогодишна, божиќна, рамазанска… потрошувачка кошница со ограничено времетраење.
Податоците на ССМ покажуваат дека на едно четиричлено семејство во октомври му биле потребни минимум 61.249 денари за подмирување на основните потреби. Овој износ се зголемува доколку семејствата плаќаат и кирија за стан. Најголем дел од месечните потреби или 22.069 денари биле потребни само за храна и пијалоци.
Во рамки на мерката на владата наречена есенска потрошувачка кошница беа опфатени 73 производи на кои им беше ограничена бруто профитната маржа на 10% во трговијата на големо и мало. Производите во маркетите беа обележени со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.


