Се обложуваат и кога ќе изгубат ме навредуваат бидејќи сум муслиманка
Слободен печат
Пред
twitter/Ons Jabeur Fan Club
Онс Жабур е првата арапска тенисерка кога играла во четвртфинале на Грен слем турнир.
Жабур е родена во Тунис и самата открива дека помина долг пат за да дојде каде што е сега, 39. најдобра тенисерка на светот. На почетокот од кариерата, најголемата помош ја имаше од семејството.
„ На пет години започнав да тренирам тенис во градот Сус, но веќе на 13 години морав да го напуштам градот. Во Тунис имаше само едно училиште кои овозможуваше да учите и да тренирате тенис, но беше оддалечено дури 140 километри од дома.
Ми беше тешко да го напуштам домот. Имаше моменти кога немав пари за да отпатувам на турнир. Во тоа време имав среќа што браќата и сестрите финансиски ми помагаа иако ми беше тешко да им барам пари на најблиските бидејќи тогаш не знаев дали ќе можам да им ги вратам. Тие секогаш ми велеа дека веруваат во мене и дека не треба да им се вратат парите.
Тоа ми ја смени кариерата бидејќи на турнирите можев да одам со тренер. На почетокот од кариерата правевмногу грешки со тренерите, тренинзите, распоредот на турнирите, но истовремено научив дека мојата земја е дел од мене. Луѓето беа против мене понекогаш, посебно тие што се обложуваа, ќе загубат пари кладејќи се на моите натпревари и потоа коментираа дека сум муслиманка“.
Во колумната за „Behind The Racquet“, Онс Жабер пишува и дека на почетоците од кариерата не знаеше како да се одбрани од навредите на расна основа.
„Имав проблеми по револуцијата, кога владееше страв во мојата земја. Потоа сфатив дека туе луѓе имаат проблем со интелигенцијата, не знаар за што зборуваат и поради тоа немав намера да го губам времето одговорајќи им на коцкарите“, пишува Жабер, за која тешките времиња од почетоците се зад неа, а од турнирите досега заработи повеќе од два милиони долари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …