Се обидов двапати да го убијам татко ми, бев облеана во крв: Морничава исповед на Ведрана Рудан

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Хрватската писателка Ведрана Рудан гостувала во емисијата „ТВ лица како целиот нормален свет“ и проговорила за болните моменти низ кои минувала и открила дека дури двапати се обидела да го убие својот татко, пишува „Блиц“.

Ведрана во својата исповед открила дека во текот на вториот обид да му го одземе животот, нејзиниот татко едвај преживеал.

– Се обидов да го убијам татко ми кога имав 15 години, но не успеав. Се обидов и на 20, но тој едвај остаа жив. Тој ме фати, имав 21 година, дипломирав и работев. Бев нормална жена. Тогаш се носеа мини здолништа, па потоа преку ноќ во мода дојдоа макси здолништата. Јас како и секоја млада девојка ја следев модата. Потоа го фрлив мини здолништето и облеков макси – ја започнала својата приказна Ведрана.

– Потоа дојде во нашата кујна, ме одмери на простачки начин и ми рече ‘вчера беше к.рва, а денес калуѓерка, одлучи се“. Јас одговорив ‘не с.ри’. Тоа беше првпат во мојот живот да го кренам гласот против татко ми. Тој, дивјак, мене ми коментира за здолништето коешто сама го купив. Потоа ми пријде, ме зграпчи за облеката и ме фрли во стаклениот орман. Бев облеана во крв и стакло. Мајка ми се тресеше. Во тој момент зедов тенџере полно со гулаш и му го фрлив во глава. Тој некако се отргна, беше целиот во крв, мајка ми за малку ќе умреше. Сакав да го убијам. Потоа мајка ми го однела на лекар, тој му ги закрпил раните и потоа се вратил во својата кафеана и ѝ рекол на келнерката дека сум сакала да го убијам. Келнерката тогаш му рекла, а зошто чекала досега. Тогаш излегов од дома со намера никогаш да не се вратам – раскажала Ведрана.

Кога починал нејзиниот татко, Ведрана вели дека не почувствувала тага.

– Кога умре татко ми си реков, барем пушти солза, и навистина две, три солзи извлеков од себе. Тогаш си реков, тоа ѓубре ти направи толку многу зло, какви солзи. По ѓаволите татко ми – раскажала Ведрана Рудан.

Таа истакнува и дека имала многу несреќно детство, но и дека токму поради тоа е силна како што е денес.

– Моето детство беше тешко, но ми даде сила да ги презирам луѓето додека не се случи спротивното. Тоа е она што ме прави силна, тоа ми го всади татко ми кој ги презираше луѓето, вклучително и мене. Ме тепаше мене, мајка ми и сестра ми. Баба ми не, бидејќи таа беше силна личност. Ги презирам луѓето, додека не откријам некој што ми се допаѓа, а потоа го распарчувам до смрт  и барам во него маани. Апсолутно никому не верувам, никој не може да ме заведе ниту освои. На половина од прстите од едната рака можам да ги избројам луѓето што ги сакам. Сите други ги испитувам, секој ден ми се на масата за сецирање. Тешко е да се живее со тоа, подобро би било да бидам поопуштена, но не сум – вели Ведрана Рудан.

Ведрана Рудан: Свесна сум дека деновите ми се одбројани, а смртта живее во мојата градина и ме чека

Ведрана Рудан: Свесна сум дека деновите ми се одбројани, а смртта живее во мојата градина и ме чека

„Бабо, дали ќе умреш? Кога ќе умреш, сето ова ќе биде мое“: Приказната на Ведрана Рудан по посетата на нејзиниот внук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот