Ведрана Рудан: Свесна сум дека деновите ми се одбројани, а смртта живее во мојата градина и ме чека

Instagram
Instagram

Контроверзната писателка Ведрана Рудан во нејзиното интервју за магазинот „Story“, во кое, меѓу другото, зборуваше за својот живот проговори и за смртта и како таа размислува на оваа тема на почетокот од осмата деценија од нејзиниот живот. Како што вели писателката, во моментов најмногу ужива и не размислува за иднината. Таа е свесна, како што самата вели, дека нејзините денови се одбројани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MONDO Zabava (@mondozabava)

„Наскоро ќе наполнам 72 години. Денес шетав во центарот на Риека, денот беше сончев, луѓето пиеја кафе, сопругот и јас ручавме во мала таверна, околу вратот ме грееше ѓерданот на Ивана Кнез, генијална македонка. Сфатив дека го живеам мојот апсолутно најдобар дел од животот. Не се оптеретувам со иднината, знам дека деновите ми се одбројани. Затоа живеам тука и сега. Што ќе се случи утре, нека размислат за тоа оние што мислат дека се бесмртни“, истакната писателката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Snežana Popović (@snzh)


„Знам, како што кажала и големата писателка Изабела Аљенде, дека смртта живее во мојата градина и ме чека“, истакнала Рудан за споменатиот магазин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana (@dobro_stivo)

„Нека почека. Во меѓувреме, ќе пијам макијато без кофеин, ќе ја држам раката на мојот сопруг, ќе гледам во морето, ќе патувам во Белград, Загреб, Скопје, Сплит, Нови Сад… и ќе уживам во секој момент“, додаде таа.

Писателката во своето интервју за магазинот истакнала дека цел живот ја мачи една тема, а тоа е – како да се ослободи светот полн со „копилиња“ од кои жените стравуваат додека не умрат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24sedam.rs (@24sedam.rs)


„Секоја жена, без оглед на возраста и статусот, има свој насилник ако не се грижи да се ослободи од него. Мене ме злоставуваше мојот татко, а потоа мојот прв сопруг. Кога се разделив од него, си реков сама на себе – Никогаш повеќе. Постојат многу добри мажи на светот, треба да знаете како да изберете или треба да знаете како да живеете без нив. Мислам дека второто е сепак подобриот избор. Приказната за мојот живот излезе во оваа книга (Пудинг од ванила)“, истакналала Рудан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот