Се обидела да ја измами државата: Влегла во авион како трудница, но кога го соблека џемперот… (ВИДЕО)

Фотографија: Instagram

За да ги избегне дополнителните трошоци, австралиската новинарка Ребека Ендрус минатата недела лажирала бременост со помош на облека поради лаптопот и полначот, за кои немало повеќе место во торбицата.

„Имам ситна градба, па одлучив да ја лажирам бременоста, најубедливиот начин за избегнување на дополнителни трошоци“, рекла Ендрус за CNN.

„Жената може да направи човечки живот, па затоа експлоатирање на животниот подарок така што што ќе уштеди 60 американски долари, беше очигледен избор. Тоа беше навистина некреативна измама“.

Ендрус пред влегување на летот од австралискиот превозник „Jetstar“ помеѓу грбот и растегливиот комбинизон ставила лаптоп. Преку комбинизонот таа облекла уште неколку слоеви на облека. Но, не ѝ успеало. Еден стјуарт ја приметил дека кај кичмата и ѕирка лаптоп, па секако морала да плати 60 долари за додатен багаж.

„Дали ми беше срам? Не“, изјавила Ендрус. „Се почувствував како фраер. Згоден, труден фраер.“

Новинарката и порано се обидела со разни техники да избегне плаќање на додатни трошоци при летање. Ендрус за CNN рекла дека повеќе пати слоевито се облекувала со цел да не мора да одвојува уште повеќе од своите тешко и макотрпно заработени пари. „Сигурно неколкупати сум лажирала бременост. Ова е прв пат да користам лаптоп во измамата“.

Ендрус не се чувствувала крива поради обидот за измама.

„Мислам дека жената со своето тело може да прави што и да посака, па и да лажира бременост со помош на полначот за лаптоп“, рекла и додала дека и е жал што признала дека се обидела да го измами системот.
„Требаше да спремам приказна за кога ќе ме фатат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот