Се мажи српската водителка Деа Ѓурѓевиќ!

После ужасната несреќа следуваат убави денови…

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, на која пред неколку месеци автобус и ја откина раката, со години е во складна врска со 20 години постариот колега Младен Мијатовиќ, а парот во недела ќе се венча пред семејството и најблиските пријатели, дознава српски „Ало!“.

Како што наведува извор близок на водителката, Деа судбоносното „да“ ќе го изговори два дена по нејзиниот роденден и со спектакуларна прослава во ресторан во Белград ќе ја крунисаат љубовта и ќе го прослават заедничкиот живот.

– Деа и Младен сфатија дека нема потреба да чекаат со венчавката и пред два месеци дојдоа на идеја дека би можеле да се венчаат на роденденот на Деа. По нејзината несреќа, сфатија колку се сакаат и колку нивната љубов е вистинска и дека не постои ниту една причина да го одложуваат бракот. На Деа предлогот на Младен во врска со венчавката исклучително и се допадна, после што почнаа до детали да организираат двојно славење, нејзиниот роденден и венчавката, како и на пријателите и семејствата да им ги соопштуваат убавите вести – раскажал изворот и открил дека Мијатовиќ не прашува колку чини, само неговата избраничка да биде среќна.

принтскрин

Изворот открил дека голема желба на Деа и било на нејзината свадба да пее Шако Полумента, бидејќи ги обожава неговите балади, при што таа лично го поканила, а тој со задоволство прифатил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот