Се крои „трио од соништата“: Лејкерси со шампионски амбиции и во 2021 година!

фото: твитер

После освојувањето на титулата, Лејкерси веќе размислуваат за наредната сезона, а според американските медиуми, на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, како трета голема ѕвезда во составот би требало да им се придружи Дерек Роуз, кој е моментно член на Детроит Пистонс.

Одредени НБА извори тврдат дека Лејкерси се во многу добра позиција да го ангажираат искусниот 32-годишен бек.

Роуз, најмладиот МВП во регуларниот дел од сезоната во историјата на НБА лигата, остави зад себе две тешки повреди и минатата сезона беше одличен.

Поранешниот член на Чикаго булс во просек имаше 18,1 поен, 5,6 асистенции, како и 2,4 скока по меч и докажа дека и натаму е во состојба да игра на високо ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот