Се карале за паркинг место, му ја скршил шофершајбната на БМВ

Триесет и тригодишен гостиварец попладнево пријавил оштетување на возилото (скршено ветробранско стакло) откако претходно се расправал со сограѓанин.

Од СВР Тетово информираат дека настанот кај нив телефонски бил пријавен во 15:20 часот од страна М.С. (33) од Гостивар. Тој според пријавеното, претходно го паркирал автомобилот “бмв” со гостиварски регистерски ознаки на улица “Илинденска” во близина на трговскиот центар. Набрзо, потоа Б.Т. (54) кој бил во близина реагирал по што настанала расправија.

Од полициската станица Гостивар сочинет е записник, а детаљите околу случајот ќе се утврдуваат дополнително.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот