Се читаат СМС пораки и транскрипти од разговори на судењето за „Монструм“

Со читање транскрипти од разговори и СМС пораки во кои се опфатени разговори од 18 април 2012 година почна денешното рочиште за случајот „Монструм” за убиството на момчињата и рибарот на Смилковското езеро. Разговорите се водат меѓу непознати лица со извесно лице Б.

Пред почетокот на судењето, застапникот на оштетените рече дека вчера имале средба со министерката за правда Рената Десковска, но оти ништо не произлегло од средбата.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство од 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Прочитајте и...  Србиновска: Интегра ќе им помогне на лицата со посебни потреби да го најдат своето место во општеството

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм” го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Прочитај повеќе

СО КАКОВ РЕЧНИК ПОЛИТИЧАРИТЕ ЛОВАТ ГЛАСОВИ: „Офуцани невести“, „излапени во мозокот“, „северџани“, „кругови од пеколот“

Србиновска: Интегра ќе им помогне на лицата со посебни потреби да го најдат своето место во општеството

Слободен печат

Сите црногорски граѓани кои влегуваат во Србија мораат да одат во 14-дневна самоизолација

Слободен печат

Дескоска: Неопходна е ефикасна меѓународна соработка за спречување и откривање на корупцијата

Слободен печат

Ле Мер вети план за опоравување на економијата и контрола на трошењето

Слободен печат

Италијанската и романска полиција откриле кибер криминална група

Слободен печат

1 comment

jovan 10/10/2019 - 12:25 at 12:25

ДО КОГА ЌЕ ГО ЗАМАЈУВАТЕ ТОЈ БЕДЕН НАРОД ? ИМА ЛИ КРАЈ ВО ТУНЕЛОТ?

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пет смртни случаи, 120 новозаболени од Ковид-19 и 125 оздравени пациенти

Слободен печат

ОЕЦД: Невработеноста ќе расте во голем дел од развиените земји

Слободен печат

МОН подготви концепт за учење на далечина, но од 2022 година, не се знае како ќе се одвива наставата од септември

Михаило Донев

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи целосна дигитализација на македонското општество за период од четири години

Слободен печат

Коалицијата „Сега е време” на средби со граѓани во Шуто Оризари и Визбегово

Слободен печат

Вархеји: Сребреница е најтрагичен настан во Европа од Втората светска војна

Слободен печат