Се чека до еден час за влез во Бугарија на преминот Делчево – Станке Лисичково

Патници информираат за сообраќаен метеж во делот на границата спрема бугарскиот граничен премин, каде поради нивниот вообичаен „пад на системот” се чека и до еден и пол час за поминување.

Сообраќајот кон Бугарија кај граничниот премин Делчево – Станке Лисичково е со зголемена фреквентност. Патници информираат за сообраќаен метеж во делот на границата спрема бугарскиот граничен премин, каде поради нивниот вообичаен „пад на системот” се чека и до еден и пол час за поминување. Како што информираат возачи кои утрово имале неодложна работа во Благоевград за влез во Бугарија чекаат повеќе од еден час.

– Има многу автомобили што чекаат. Како што може да забележите на фотографијата има автомобили од Штип, Берово и други градови како и бугарски автомобили на кои на ладното време не им преостанува ништо друго освен да чекаат. информираат возачи.

Додаваат дека од македонска страна процедурата е поедноставна и таму нема поголеми задржувања.

На овој граничен премин поради утрешниот неработен ден се очекува да продолжи зголемената фреквентност. Негово проширување минатата година беше најавено од страна на бугарскиот министер Маринов кој на заедничката средба со тогашниот македонски министер за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека е изготвен проект со кој преминот Станке Лисичково ќе добие три ленти и овој проблем ќе се реши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот