Се асфалтира патот Галичник-Маврово, сообраќајот во прекин

Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10 – 16 часот кога сообраќајот ќе биде во прекин.

ЈП Македонија пат подружница Скопје почнувајќи од денеска ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 село Галичник – Маврово.

Од АМСМ информираат дека асфалтирањето ќе се одвива во правец од село Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10 – 16 часот кога сообраќајот ќе биде во прекин.

На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот