СДСМ: Oслободен e од одговорност телохранителот на Мицкоски кој тепаше колега полицаец пред кафе-бар во Скопје
Социјалдемократскиот сојуз тврди дека е ослободен од одговорност телохранителот на Христијан Мицкоски, Ивица Бисовски кој во февруари имаше физичка пресметка со колега полицаец пред кафе бар во центарот на Скопје.
Препорачано
„Обезбедувањето на Христијан Мицкоски, полицаецот Ивица Бисовски, кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје, Тошковски го ослободил од одговорност. Сериозниот инцидент, се случи во февруари 2024 година, а натепан беше полицаец, инспектор во НТШ додека спроведувал акција против дрога. Беше поведена дисциплинска постапка и комисија а лично Тошковски најавуваше и кривични пријави. Се случи спротивно. Тошковски го ослободува Бисовски. Иако Комисијата за дисципинска постапка побарала Бисовски да биде казнет, лично Панче Тошковски го ослободува бодигардот на Мицкоски од одговорност. За блиските луѓе на Мицкоски се е дозволено, дури и да тепаат полицајци“ , вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Од СДСМ го повикаа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски да излезе пред јавноста и да одговори дали одлуката за ослободување е донесена под директен налог на премиерот Христијан Мицкоски.
Шефот на обезбедувањето на Мицкоски истепал полицаец пред угостителски објект


