СДСМ: Новата Влада ќе се посвети на здрава животна средина и изградба на екодржава

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

СДСМ води сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот, која ќе ја движи државата напред, стои во соопштението на оваа партија.

Од СДСМ наведуваат дека новата Влада особено внимание ќе посвети на чиста и здрава животна средина, на изградба на екодржава.

„Политиките и мерките за чиста и здрава живота средина, предвидуваат стрoга контрола и високи казни за загадувачите, зголемен број екоинспектори, субвенции и инвестиции во чисти извори на енергија.Заедно ќе се грижиме за заедничкиот воздух, за водите, за почвите. Правото на здрава животна средина е основно граѓанско право, во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро за изградба на екодржава“, се додава во партиското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот